За вашите фирми има пари, ама кога станува збор за народот никогаш немате пари, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниската дебата за разрешување на министри.
„Парите за реклама и себепромоција на функционерите треба да бидат за народот, а не да ги користат функционерите. И овде не треба да зборуваме за неколку министри, туку треба и за други. Зошто да не дебатираме за Оливер Спасовски и за други министри,“ посочи Трајкоска.
Премиерот Ковачевски, наместо да зборува за разрешување на членовите за Влада, рече пратеничката зборува само за себепромоција.
„Вас премиере само личното ви е во интересот. Постојано се обраќате во прво лице еднина и во вашиот говор зборувате само јас, па јас. Вие иако велите дека не се грижите за вашиот рејтинг, вие само тоа и го правите. И треба тоа да го правите бидејќи вашиот рејтинг е низок“, посочи Трајкоска.
Според неа мора да се направи разлика, помеѓу личното и заедничкото.
„Зарем мислевте на народот кога дозволувавте вашата сопруга да се богати. Зарем мислевте на народот кога дадовте 400 илјади евра за вашата омилена Рејтинг агенција. За вашата омилена агенција има пари за народот нема“, рече Трајкоска.