Царините удвоени на 50% – САД притиска за нови трговски договори
Царините за железо и челик драстично удвоени. Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која царините за увозно железо и алуминиум се зголемуваат од 25 на 50 проценти. Одлуката стапува на сила денес, додека Вашингтон ги очекува „најдобрите понуди“ од трговските партнери за да избегнат пошироки трговски бариери најавени за почетокот на јули.
Канада со остри реакции кон Доналд Трамп за можното спојување со САД
Само Велика Британија поштедена од царините за железо и челик
Новите мерки се применуваат кон сите трговски партнери освен Велика Британија, која има привремен трговски договор со САД. Таа ќе продолжи да се соочува со старата царинска стапка од 25% најмалку до 9 јули. Велика Британија не е меѓу најголемите извозници на метали во САД.
Канада и Мексико најтешко погодени од мерките
Според официјалните податоци, Канада и Мексико ќе бидат најсилно погодени. Канада е водечки извозник на железо, додека Мексико е на третото место. Дополнително, Канада извезува двојно повеќе алуминиум во САД отколку останатите десет најголеми извозници заедно. Околу половина од американскиот алуминиум е од странски извори.
Канада бара укинување на царините преку интензивни преговори
Кабинетот на канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека се во тек интензивни дипломатски напори за укинување на новите и постојните царини. „Наш фокус е на заштита на канадската индустрија и работни места,“ наведуваат од кабинетот.
Извор: Миа