Преговорите со Техеран под притисок, Вашингтон не ја исклучува опцијата за напад

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска порача дека не ја исклучува можноста за ново воено дејствување против Иран, доколку не се постигне договор.

Тој пред новинарите во Белата куќа тврдеше дека Техеран „моли“ за договор. Изјавата доаѓа во период на зголемени тензии, откако Иран предупреди на „отворање нови фронтови“ ако САД ги продолжат нападите по неодамнешниот прекин на огнот.

Во меѓувреме, Катар оцени дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран бараат дополнително време.

Бев блиску до наредба за напад

Доналд Трамп откри дека веќе бил на чекор до одлука за воена акција.

– „Бев на само еден час од одлуката да наредам нови напади, но на крајот решив да ја одложам акцијата“ – изјави Доналд Трамп.

Тој додаде дека одлука може да следи многу брзо, во рок од неколку дена, доколку нема договор.

– „Имам предвид кус период од два или три дена, можеби во петок, сабота, недела или на почетокот на следната недела. Рокот е ограничен бидејќи не можеме да им дозволиме на Иранците да поседуваат ново нуклеарно оружје“ – дециден е американскиот претседател.