Оман ќе се однесува како сите други или ќе мора да ги дигнеме во воздух, изјави претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, коментирајќи ги извештаите дека Иран и Оман постигнале договор за заедничка контрола на Ормускиот теснец.

„Теснецот ќе биде отворен за сите. Никој нема да го контролира. Ние ќе го следиме. Но, никој нема да го контролира“, рече Трамп и додаде дека нема да прифати договор меѓу Иран и Оман за заедничка контрола на Ормускиот теснец како дел од мировниот договор, пренесува „Скај њуз“.

Американскиот претседател рече дека „тие би сакале да го контролираат“ и нагласува дека теснецот е дел од меѓународните води и дека „Оман ќе се однесува како сите други“, пренесува Танјуг.

„Или ќе мора да ги дигнеме во воздух, тие го разбираат тоа, ќе бидат во ред“, рече Трамп.