Говор пред историскиот споменик во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп одржа политички говор пред споменикот Маунт Рашмор, каде ја истакна потребата САД да останат силна и слободна држава, во пресрет на 250-годишнината од независноста на земјата.
Тој пред присутните порача дека државата мора да го зачува својот идентитет и предупреди на, како што рече, идеолошки закани од прогресивниот дел на Демократската партија.
„Стоиме пред овие американски великани и повторно се обврзуваме да бидеме голема, храбра и силна нација. Тоа не е лесно, но ќе успееме“, изјави Трамп.
Пораки за „комунистичка закана“ и имиграција
Во говорот, Трамп изјави дека во САД постои „комунистичка закана“ и дека дел од имигрантите носат идеи спротивни на американските вредности.
„Нема да дозволиме тоа да се случи. Америка никогаш нема да биде комунистичка земја“, рече американскиот претседател, повторувајќи дел од својата антиимигрантска реторика и повици за протерување на нелегалните мигранти.
Политички пораки пред избори
Трамп ги повика републиканците на единство пред претстојниот изборен период, оценувајќи дека нивниот успех зависи од внатрешната стабилност на партијата.
Неговите изјави доаѓаат во момент кога во Демократската партија се забележуваат успеси на прогресивни и демократско-социјалистички кандидати, што дополнително ја засилува политичката поларизација во САД.
