Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на платформата Truthsocial, при што потврди дека утринскиот напад врз Израел бил извршен од заеднички сили на САД и Израел.

Според него, Иран покажува „заканувачки активности што директно ги загрозуваат Соединетите Американски Држави, американските трупи, базите во странство и сојузниците низ целиот свет“.

„Нашата цел е да го одбраниме американскиот народ со елиминирање на непосредните закани што доаѓаат од иранскиот режим, сурова група многу тешки и ужасни луѓе“, рече Трамп.

Тој додаде дека иранскиот режим извикува „смрт за Америка“ и спроведува континуирана кампања на крвопролевање и масовни убиства, насочени кон Соединетите Американски Држави.

„Војската на Соединетите Американски Држави спроведува масовна и тековна операција за да спречи оваа многу зла, радикална диктатура да ја загрози Америка и нашите витални интереси за национална безбедност. Ќе ги уништиме нивните ракети и ќе ја срамниме со земја нивната ракетна индустрија“, рече Трамп.

Тој рече дека Иран работел на обнова на својата нуклеарна програма по бомбардирањето на неговите нуклеарни постројки од страна на САД во јуни.

„Тие ја отфрлија секоја можност да се откажат од своите нуклеарни амбиции и ние повеќе не можеме да го толерираме тоа“, додаде Трамп.