САД се обидува да избегне ценовен удар врз технолошкиот пазар

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп донесе изненадувачка одлука.  Dа ги укине најавените високи царини за паметни телефони, компјутери и електронски уреди од Кина.  Ова доаѓа во време кога американските технолошки компании предупредуваа за можна ескалација на цените.  Поради зголемените увозни давачки од дури 145 отсто.

Царинската војна ескалира: Кина возврати со 125% давачки за американски стоки

Нема давачки за електроника произведена во Кина

Во најновото соопштение на Царината на САД се потврдува дека ослободувањето ќе важи и за стоки кои влегле во земјата по 5 април. Со ова, електронските уреди нема да бидат предмет ниту на глобалната тарифна стапка од 10%, ниту на зголемените царини специфични за кинеските производи.

Притисок од технолошкиот сектор

Американските гиганти како Apple и Samsung веќе подолго време алармираат дека високите тарифи би можеле сериозно да го загрозат пазарот. Повеќето iPhone уреди — дури 80% — се произведуваат во Кина, што го прави технолошкиот сектор крајно ранлив на трговските политики.

За да се намали ризикот, производителите активно работат на диверзификација, префрлувајќи дел од производството во Индија и Виетнам.

Делумна заштита на домашната индустрија

Покрај компјутерите и телефоните, од царините се изземени и полупроводници, мемориски картички и соларни ќелии, што укажува на стратегија за минимизирање на последиците врз домашното производство. Аналитичарите оценуваат дека ова е тактички потег на Трамп да го ублажи економскиот шок предизвикан од сопствените трговски политики.

Извор: ТВ 21