Велика Британија и членките на Групата Г-7 бараат начин како руски средства може да се искористат за финансирање на обновата на Украина, ијзави денеска британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас.
-Потребен ни е нов Маршалов план за обнова на Украина и, всушност, само што разговаравме за тоа на состанокот на Г-7 што го имав со моите колеги од целиот свет. Разгледуваме што можеме да направиме за да ги искористиме руските средства за да помогнеме, изјави таа за радиото „Тајмс“.