Намалените маржи ги загрозуваат трговците
Трговците од Стопанската комора за трговија на големо и мало со прехранбени производи, пијалаци и тутун бараат итен состанок со Владата поради одлуката за замрзнувањето маржи на 10%.
Реакции од трговците
„Со ограничувањето маржи ќе го доведе во прашање опстанокот на многу трговци, а тоа ќе резултира со намалување на бројот на вработени или затворање на маркетите“, предупредуваат од Комората.
Трговците со коментар дека мерката би им нанела штети.
„Според нашите анализи, оваа мерка ќе нанесе значителни штети, загрозувајќи над 80 трговски фирми со околу 800 продажни места и речиси 5000 вработени“, истакнуваат трговците.
Што претходи на ваквата реакција?
И во текот на претходната недела оваа тема ја брануваше македонската јавност. По многуте коментари, Владата одлучи да ги ограничи маржите за 10 проценти на цените на околу 100 производи. Покрај основните прехранбени продукти оваа мерка ќе ги опфати бебешките производи, средствата за лична хигиена и производите кај кои има најголемо зголемување на цените.
Владата ги ограничи маржите на 100 производи – наскоро Велигденска и Рамазанска кошничка
Дополнително ќе се утврдува дали ќе се прави Велигденска и Рамазанска кошничка. Министерството за економија е задолжено заедно со другите надлежни институции да одржат итен состанок за да се разгледаат и други долгорочни мерки со кои би се решила состојбата со растот на цените. До петок контроли ќе има и кај производителите на млеко и млечни производи и производителите на месо.
Извор: Телма