Македонија го заврши дебитантското Еуро 2020 со три порази и два дадени гола, откако вечерва Холандија нѐ победи со 3-0.
– Ова е едно посебно искуство, за жал кое го завршивме не баш како што сакавме, но сепак треба да сме сите горди и задоволни од настапот, овие момци во селекцијата ова го заслужуваат, посебно младината во тимот, која е наша иднина. Јас сум горд на сите нив, посебно што ни овозможија на мене и другите да го оствариме овој сон за настап на Европско, нешто што сме го сонувале од деца. И сега сето тоа го доживеавме. Не сакавме вака да заврши, имавме свои моменти, да беше признаен голот каде за малку беше офсајд, можеби ќе беше поинаку на мечот, ќе имаше друг тек…, рече Тричковски.