На само еден месец пред техничка влада, СДС и ДУИ си ја полнат државната и јавна администрација со партиски послушници, напиша на Фејсбук, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавен оглас за вработување во Македонски шуми 355 лица и 157 во АД Водостопанство. И двете државни претпријатија се загубари, преживуваат со позајмици а, платата и доцни со месеци. Мислат на овој начин со вдомување на партиски војници ќе го намалат поразот на парламентарните и претседателески избори. Но, се лажат! По преземање на власта ќе има целосна ревизија како се вработени овие лица. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме! Порача Трипуновски.