На четворица им се дава потребната болничка нега на клиниките за ортопедија и пластична хирургија, но поради тоа преживеаја ужас и загубија блиски се и под надзор на лекарите од државна психијатрија. Д-р Славица Арсова која е дел од тимот што ги лекува за Канал 5 појаснува дека на сите седуммина неопходна им е психолошка помош, бидејќи несреќата е силен стресоген настан кој ги крши одбранбените сили. За излез од таквата состојба, вели Д-р Арсова, потребни се најмалку шест месеци.

-Некои имаат малку поизразени психолошки состојби, некои сосема различни, па се бранат со негација и емоционална изолација,вели Д-р Славица Арсова – Клиника за психијатрија.

Дел од нив ниту на почетокот не можеле да се помират со она што го преживеале, потврдува д-р Маја Аргирова од болницата „Пирогов“ каде повредените беа сместени веднаш по несреќата.

„На емоционален план проблемот беше поразличен. Повредените, преживеаните кои дојдоа беа со многу тешка психолошка и емоционална траума бидејќи изгубиле блиски роднини, како сопруга, деца кои загинаа. Во таков случај по првичната професионална медицинска помош требаше да им биде укажана и психолошка помош, а сметам дека и во овој дел се справивме мошне добро. Психолошката помош им беше укажана на мајчиниот јазик на повредените, а тоа беше многу важно.“истакна д-р Маја Аргирова – Директор на Клиниката за изгореници при „Пирогов“.

Вчера од болницата „Пирогов“ на скопските клиники беше донесен и последниот пациент од седуммината повредени. Во меѓувреме тројца од преживеаните кои претходно беа пренесени од Бугарија во Клиниката за пластична хирургија се пуштени на домашно лекување.