Несреќата се случила утрово околу девет часот и четириесет и пет минути, на обиколницата кај Крива Паланка од магистралниот пат А2, на клучката кај центарот на градот.

– Утрово, 29 мај 2021 година, во 9 часот и 45 минути на заобиколен магистрален пат А-2, во близина на т.н. Карчов мост се случила сообраќајна незгода во која учествуваат две патнички моторни возила, Опел Корса и Опел Астра со кривопаланечки регистарски ознаки. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила и еден сопатник, а сообраќајот бил во прекин два часа, од 9:50 до 11:50 часот, информира Ивана Младеновска, портпарол на Секторот за внатрешни работи Куманово.

На местото на несреќата увид извршила екипа на Управата за патнички сообраќај Подрачното одделение за безбедност во патниот сообраќај Крива Паланка.