Во текот на вчерашниот ден три лица од Скопје биле искасани од кучиња скитници.

Во 17.15 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.П.(38) од Скопје пријавил дека на улица „Владимир Комаров“ бил каснат од куче скитник.

Во 13.00 часот во Полициската станица Петровец, З.П.(64) од Скопје пријавил дека во с.Катланово, скопско, бил каснат од куче скитник.

Во 10:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.Н.(55) од с.Волково, скопско, пријавил дека на подрачјето на населба Стопански двор неговиот малолетен син од с.Волково бил каснат од куче скитник.