Полицијата на граничниот премин „Табановце“ вчера ги лиши од слобода С.У.(50), С.Ш.(55) и М.Ј.(35), сите од Република Србија, поради постоење основано сомнение дека поседуваат фалсификувани ПЦР тестови.

Како што соопшти МВР, лицата се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.