Синоќа во 21:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Н.(44), С.Ј.(55) и А.Г.(41), сите од Скопје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, за време на инцидентот биле искршени и стаклени шишиња и чаши.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.