Три лица од Скопје, од кои еден од село Кондово, се уапсени од полицијата само пет минути по извршено разбојништво, во кое со закана одзеле пари од група малолетници на автобуска постојка на Бит-пазар.
Настанот се случил на 16 април околу 22:25 часот, а приведувањето е извршено веќе околу 23:30, соопшти СВР Скопје.
Според полициските информации, осомничените С.А. (19) од Кондово, М.И. (22) и Р.Ф. (20) од Скопје, прво нападнале пет малолетници од село Кучевиште, а потоа пресретнале уште двајца малолетници од Идризово и Трубарево. Во двата случаи била употребена вербална закана, со цел да се одземат парични средства.
По приведувањето, случајот е целосно документиран, а во соработка со надлежен јавен обвинител, против тројцата осомничени ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, информираше полицијата.