-За да го исчистиме што побргу снегот од тротоарите во градот, годинава ги ставивме во погон и малите градежни машини со големи маневарски способности но со мали димензии, да можат комотно да поминат по сите тротоари во градот. Не само што многу побрзо го отстранивме снегот од тротоарите,туку ги исчистивме на многу поголема ширина, што овозможува непречено раминување на повеќе пешаци , што е потешко изводливо при чистење на тротоарите со лопата, нагласи Зенел Јонузи, директор на комуналното претпријатие.

Тој напомена дека рано се чистеа единствено тротоарите на места каде што не можело да помине машината, а тие, како што рече, беа занемарливо малку локации