Целта за која се бориме и вредностите зад кои цврсто стоиме во себе ги имаат зборовите труд, работа, доверба, одговорност и достоинство,порача градоначалникот на општина Сопиште, Стевче Трпковски на денешниот регионален отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.

Трпковски истакна дека голем број на проекти во Сопиште се започнати со реализација, односно како што рече тој изминатите 100 дена е изградена прочистителна станица за третирање на отпадни води од канализацискиот систем за населено место Ракотинци.

-Во изминатите 100 дена изградивме прочистителна станица за третирање на отпадни води од канализацискиот систем за населено место Ракотинци. Оваа прочистителна станица е со капацитет за 1000 жители и истата е модуларна. Набавивме ново специјално возило за собирање и транспорт на смет во функција на јавното комунално претпријатие Сопиште, вели тој.

Изградивме нова детска градинка со капацитет за 84 деца. Во периодов течат административните постапки за комплетирање на потребните дозволи за отпочнување со работа на оваа детска градинка. Ја довршивме и изградбата на културен дом во населено место Сопиште и очекуваме усвојување на програмата од министерството за Култура за отпочнување со работа, истакна Трпковски.

Трпковски изјави дека во општината е направена промена на класичните светилки за осветлување на јавни површини со нови лед светилки со кои освен што добиваме поквалитетно осветлување се постигнува и заштеда во потрошувачката на електричната енергија.

Започнавме со промена на класичните светилки за осветлување на јавните површини со нови лед светилки со кои освен што добиваме поквалитетно осветлување се постигнува и заштеда на електричната енергија, истакна тој.

Поставивме нова и реконструиравме постоечка урбаната опрема во населените места Долно Соње и Добри дол. Продолживме со проектот за селектирање на отпад во секој дом, кажа Трпковски.

Трпковски нагласи дека во следниот период следува реконструкција на улиците во населеното место Горно и Долно Соње, како и асфалтирање на патот од населено место Св. Петка – Хидро Електрана Св. Петка во должина од 2км, како и изградба на водоснабдителни бунари за Долно Соње, Горно Соње, Чифлик, Св. Петка и Нова Брезница.

Во изминатите 100 дена посветивме големо внимание во изработка на техничка документација за инфраструктурни проекти и проекти во водоснабдување кои ќе бидат реализирани во периодот што доаѓа. Реконструкција на ул. 10 во населено место Горно Соње во должина од 1000м. Најавувам реконструкција на ул. 8 во населено место Долно Соње во должина од 1000м. Реконструкција на ул. 20 во населено место Нова Брезница во должина од 700м. Реконструкција на патниот правец Добри Дол – Маркова Сушица во должина од 3км. Асфалтирање на патниот правец од населено место Св. Петка – Хидро Електрана Св. Петка во должина од 2км, изградба на водоснабдителни бунари за Долно Соње, Горно Соње, Чифлик, Св. Петка и Нова Брезница, потенцираше Трпковски.

-Уредување на спортските терени во населеното место Сопиште. Изградба на пешачка патека по целата должина на ул 1 во населено место Сопиште. Изградба на трговски центар нјавувам за периодот што следува, заклучи Трпковски.