Инцидент со танкер под иранско знаме
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека американските сили отвориле оган врз танкер во Оманскиот Залив. Според соопштението, пловилото било онеспособено по интервенцијата.
Станува збор за танкерот M/T „Хасна“, кој пловел под иранско знаме. ЦЕНТКОМ наведува дека бродот се обидел да вплови во иранско пристаниште, со што, како што тврдат од американската страна, ја прекршил воспоставената блокада.
Американските сили, пред да отворат оган, повеќепати го предупредиле танкерот, се наведува во соопштението.
„Хасна повеќе не плови кон Иран. Блокадата на САД врз бродовите што се обидуваат да влезат или да ги напуштат иранските пристаништа е сè уште во полна сила“, соопшти ЦЕНТКОМ.
