Според ЦУК, нема активни пожари, а единствениот пожар во резерватот Јасен е под контрола

На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, нема активни пожари.

Под контрола е пожарот во повеќенаменско подрачје Јасен, во Општина Македонски Брод. Таму гореше мешана шума повеќе од десетина дена.

Изгаснати се останатите 17 пожари. Меѓу нив е пожарот кај Брана Езеро Козјак, во Општина Сопиште, каде гореше ниска вегетација и шума.

Пожарите во Општина Студеничани кај селата Горно Количани и Драчевица, како и на планински врв Китка, исто така се изгаснати.

Во Кичево, кај село Душегубица, гореше ниска вегетација и ниска шума, која е целосно изгасната.

Пожарот во село Велгошто, Општина Охрид (ниска вегетација) е изгаснат. Исто така, село Брушани, Општина Кавадарци (ниска вегетација) и село Кутретино, Општина Демир Хисар (депонија) се целосно изгаснати.

Во Општина Битола, кај м.в. Тепсија и селото Велушта (ниска вегетација), пожарите се изгаснати.

Пожарот во Суводол, кај село Балдовци, Општина Новаци (ниска вегетација), исто така е изгаснат.

Пожарите во Општина Прилеп, кај село Беловодица, место викано Ливада, и село Лењиште (букова шума), како и пожарот кај Дата Центар во Прилеп (ниска вегетација) се целосно изгаснати.

Во Општина Долнени, кај селата Стровија и Долгаец (мешана шума), пожарите се изгаснати.

Во Општина Брвеница, кај село Милетино (ниска вегетација), како и во Општина Гостивар во близина на Болницата (ниска вегетација), пожарите се изгаснати.

Во Општина Врапчиште, кај село Тумчевиште (ниска вегетација), во Општина Чешиново-Облешево кај објектот Мак Млин (ѓубриште, гуми), и во Општина Струмица кај селата Турново и Иловица (депонија), пожарите се целосно изгаснати.