Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на Дипломатскиот форум во Анталија изјави дека Анкара нема да воведе санкции кон Русија.
Ние веруваме дека санкциите нема да го решат проблемот, истакна Чавушоглу.
Тој додаде дека се надева оти е постигнат напредок во евакуацијата на турски државјани, кои засолниште нашле во џамијата во Мариупол и оти за тоа ќе побара помош од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според Чавушоглу, џамијата не е оштетена и се чекаат автобуси за евакуација на Турците, со кои не може да се воспостави контакт.