Туристичкиот воз „Гроздоберко“ денеска вози по улицата „Илинденска“ низ центарот на Кавадарци, за време на традиционалната стопанско – културна и туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер“, што се реализира овие три дена.

Угостителските објекти во Кавадарци ќе имаат продолжено работно време за деновите од „Тиквешки гроздобер“.
Според одлука на Совет на Општината, за два часа се продолжува работното време на угостителските објекти, за време на фестивалот.
На повеќе од триесет официјални штандови за време на „Тиквешки гроздобер“, од страна на алкохол, ќе се нуди само вино, но и други производи од грозје, сокови и вода, информираше претходно кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Ова е така, бидејќи станува збор за манифестација во чест на гроздоберот и редно е да се промовираат производите од грозје, нагласи градоначалникот.

Јанчев рече дека се очекува масовна посетеност, нагласи дека се е подготвено, за успешно и безбедно да се реализира настанот.