Според Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани здруженија, Владата треба да прогласи елементарна непогода.

– Сушата зафати уште при расадувањето. Оваа е тешка година, не само за тутунопроизводството, туку и за другите култури. Сушата го преполови родот, а некаде, каде немаше наводнување и до 70-80 насто. Онаму каде што заврна беше проследено со град, па никој од надлежните не излезе да процени штети. Затоа бараме, со чиста совест, ако сака Владата да помогне, најбрзо што може да донесе одлука за прогласување елементарна непогода, вели Мирчески.

Тој вели дека нема одговор зошто тутунарите и сточарите се изземени за користење на мерката „зелена нафта“.

– Мерката „зелена нафта е за поздравување, но повеќето земјоделци сметаат дека е задоцнета. Од друга страна, по трет пат се спроведува оваа мерка, но не се опфатени ниту тутунарите, ниту сточарите. Отворено прашуваме зошто е така. Баравме одговор од надлежните, но досега не добивме, вели Мирчески.