Иако враќањето на омилената серија ќе ги обедини сите 6 главни ѕвезди, листата на актери кои гостуваат, која ја објави „HBO“, е критикувана поради недостаток на разноликост.

Како гости во епизодата која во САД ќе се емитува на 27-ми мај, меѓу останатите ќе се појават и Малала Јусуфзаи, пакистанска активистка за женско образование и членовите на корејскиот поп бенд „БТС“, но нема темнокожи ѕвезди.

Дури ниту оригиналниот црн лик во „Friends“, девојката на Рос – д-р Чарли Вилер која ја глуми Ајша Тајлер, нема да се појави во специјалната епизода.

Ваквата одлука предизвика бес на социјалните мрежи, а еден фан на серијата напишал: „Откако нè убедија дека во Њујорк за 10 сезони нема црнци или мулати, тие обединуваат 25 славни личности и некако избегнуваат да пронајдат една темнокожа личност“.

„Обединување на пријателите! Толку нови пријатели и никој од нив не е црнец“, „Поминаа 17 години, а вие сè уште не сте стекнале ниту еден црн пријател?“, гласат коментарите на социјалните мрежи.