Ирската рок-група U2 се врати на местото каде што започна нејзината музичка приказна за да одбележи половина век од основањето. Бендот одржа концерт во училиштето „Маунт Темпл“ во Даблин, каде што неговите членови се запознале и првпат настапиле во 1976 година.

Излегувајќи на сцената поставена на училишното игралиште, фронтменот Боно се присети на почетоците на групата. Тој рече дека членовите на бендот избегале од часот по хемија, а потоа ги праша учениците како напредува нивното „експериментирање“, јави Би-Би-Си.

На концертот U2 изведе песни од различни периоди на својата петдецениска кариера.

Настапот заврши со оркестарски аранжман на песната „One“, во чија изведба учествуваа и ученици вклучени во ирската образовна програма Music Generation.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by U2 (@u2)