Уапсен е осомничен за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров. Засега неофицијалните информации се дека тој е приведен и се наоѓа во Полициската станица – Карпош.

Нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за приведувањето, ниту, пак, информации за околностите под кои тој е уапсен.

Се очекуваат повеќе детали за текот на истрагата.

Полицијата треба да појасни каква е поврзаноста на уапсениот со двата случаи.