Утринава апсења низ Скопје. Според неофицијални инфорамции кои стигнаа до нашата редакција се работи за поранешни и сегашни вработени во затворите кои работеле незаконски и биле организирана криминална мрежа. Според информации на Радио Лидер, се работи и за поранешниот директор на затворот во Скопје, Филип Андов – Сокол и неговиот заповедник.

Со пријавата опфатени се повеќе луѓе:

Првопријавениот Филип Андов Сокол – Директор на КПУ Затвор Скопје и второпријавениот Сашко Крстевски Зверот за кои постојат основи за сомнение за кривично дело. Според член 353 Злоупотреба на службена положба и овластување; член 372 Овозможување бегство на лице лишено од слобода и член 373 Против законското ослободување на лице лишено од слобода член 22 соизвршителство.

Филип Андов познат како Сокол во минатото беше и советник на експремиерот Заев.