Полицијата уапси хирург од Воено-медицинската акамедија во Белград под сомнение дека вчера со дршка од пиштол ја претепал сопругата.
Има сомнеж дека во јануари годинава повеќепати ја претепал својата четириесет и двегодишна сопруга, ја удирал по главата и телото, ја удирал со клоци и ја задавил со кабел при што и нанел тешки телесни повреди, соопштиле од српското МВР.
Осомничениот утре ќе биде изведен на распит пред Обвинителството во Белград за кривичното дело семејно насилство.
Медиумите јавуваат дека кај оштетената и биле констатирани тешки физички повреди, како и дека се здобила со скршеница на четири ребра, надлактица и хематоми.