Принтскринови од неговата комуникација со малолетно девојче беа објавени на страницата „Стоп педофилија“ на Фејсбук.  Девојчето добивало недолични пораки веќе подолго време, кои со секое одбивање станувале се повулгарни.

– По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на М.А. (63) во с. Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што му е одземен мобилниот телефон кој го користел осомничениот. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство – велат од МВР за порталот А1он.

Доколку сакате да прочитате детално како педофилот се закануваше на малолетничката тоа може да го погледнете ТУКА.