Од МВР денеска соопштија дека украдените предмети биле одземени и вратени на оштетеното лице.
По целосно документирање на случајот против Ј.И. ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Полициски службеници од СВР Штип денеска го лишиле од слобода Ј.И.(51) од Штип затоа што синоќа во 22:45 часот бил затекнат при вршење на кривично дело „кражба“ од магацински простор на ул.„Железничка“ во Штип и не ја почитувал мерката забрана за движење во периодот од 22:00 до 05:00 часот.