Тетовчанец возел со 190 на место каде е дозволено 80 км/час. Бил уапсен откако го застанала полицијата, соопптија надлежните.
Вчера во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско.
При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано прекршок. Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
Извор: Република