На 21.02.2023 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.А.(23) од Битола. Тој бил баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик. Б.А. бил задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО.

На 21.02.2023 во 09.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар“ и одзел пари и клучеви од патничко возило „пежо“ сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово. С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 21.02.2023 во 14.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.(40) од Делчево, затоа што при преглед во товарно возило „фолксваген крафтер“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена стока, која е прогласена за небезбедна од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. По целосно документирање на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.02.2023 во 20.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.Р.(53) од Скопје, затоа што претходно бил пријавен од 26 – годишна скопјанка дека се самозадоволувал пред неа. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.