Средовечен штипјанец е уапсен во Куманово, откако обил продавница во градот, украл пари и клучеви од автомобил, па со колата удрил во надгробна плоча на кумановските гробишта, соопшти МВР.

„На 21.02.2023 во 09.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар” в градот и одзел пари и клучеви од патничко возило „Пежо“, сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово“, пишува во полицискиот билтен.

С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.