Британските таблоиди синоќа објавија дека мажот кој бил уапсен на имотот на Виндзор на Божиќ, имал самострел со себе.
Кралицата Елизабета го поминува Божиќ во Виндзор, бидејќи одлучи да не престојува во Сандрингам, кралски имот во источна Англија, како што вообичаено правеше претходните години за празниците.
Ова е петти упад на непознати лица на имотот на кралицата во Виндзор оваа година, пишува „Дејли мејл“.