Еден украински војник е убиен во судири со сепаратистичките сили, поддржани од Москва, во источниот дел на Украина, соопшти армијата, во момент кога е се поголема загриженоста дека Русија се подготвува за инвазија.

– Како резултат на ракетен напад, еден украински војник доби смртоносна рана од шрапнел, соопшти заедничката воена команда за источна Украина, објавија западните медиуми.