Предложениот Закон за учебници предизвика големо негодување кај наставниците, родителите, учениците и целата јавност.
Затоа во сабота во 12 часот пред општина Охрид ќе се одржи мирен протест да се слушне гласот против сите нелогични реформи во образованието.
Ве поканувам да излеземе сите заедно во интерес на нашите деца и нивна здрава иднина, напиша на својот Фб профил професорот Наум Јамандиев.