Средношколец од Скопје завчера попладнето им се заканувал на вработените во средно училиште а оштетил и дел од инвентарот.
На 6 септември во 20 часот и 20 минути во СВР Скопје е пријавено дека во 16 часот и 50 минути, во средно училиште на подрачјето на Општина Аеродром ученик во службени простории агресивно се однесувал кон вработените на училиштето и им упатувал закани. Потоа оштетил и дел од инвентарот. Известен е јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.