Во Малатија, еден од неколку турски градови кои беа најпогодени од земјотресот во февруари годинава, ќе се гради училиште кое ќе го носи името на нашата држава, а ќе се гради со поголемиот дел од средствата кои македонските граѓани ги донираа во хуманитарна акција за помош на настраданите во Турција и Сирија.
Црвениот крст на Македонија информира дека 32 училници во истото училиште ќе бидат именувани по македонските градови.
Турција и Сирија на 6 февруари годинава беа погодени од катастрофален земјотрес во кој загинаа илјадници луѓе, а илјадници други беа повредени и оставени без покрив над главата.