Четириесет и четиригодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат во скопската населба Гази Баба, при што напаѓачот го удирал и со кундак од пиштол.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 март 2026 година во СВР Скопје, Т.М. (44) пријавил дека нападот се случил околу 18 часот.

Како што се наведува во пријавата, тој бил нападнат од лицето И.Н., кое по физичкиот напад продолжило да го удира со кундак од пиштол.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.