Триесет и двегодишна жена од тетовското село Непроштено е пренесена на скопските клиники откако утрово во Тетово била удрена од електричен тротинет управуван од 16-годишен малолетник од селото Лисец.

Несреќата била пријавена денеска околу 10 часот во СВР Тетово, а се случила на улицата „Илинденска“, спроти Основниот суд. Според полицијата, електричниот тротинет, управуван од малолетникот, удрил во пешакот И.Ѓ. од Непроштено.

По несреќата, жената во неконтактибилна состојба итно била пренесена во Клиничката болница во Тетово, каде што ѝ била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредите, таа потоа била префрлена на понатамошно лекување во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово, а се работи на расчистување на случајот.