Европската фудбалска унија (УЕФА) го го тргна терминот „Северномакедонец“ и го замени со „Македонец“ во графата за националност на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски, по претставката од Министерството за надворешни работи.

Од МНР вчера соопштија дека водат сметка за точната употреба на името на државата, државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија.