Последните објавени информации говорат дека првите луѓе на Европската куќа на фудбалот имаат намера да позајмат шест милијарди евра, се со цел да и се спротивстават на Суперлигата.

Фирмата со која УЕФА во моментов е во преговори е „Centrikus Asset Management“ со седиште во Лондон. Таа треба да застане зад проектите на УЕФА во врска со Лигата на Шампионите и да обезбеди почетни шест милијарди евра.

Познато е дека на другата страна е американката банка „ЏП Морган“, која со 3,5 милијарди евра застана зад проектот на Суперлигата.