Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вети дека ќе го задржи Меси во клубот, но создавањето на европска Суперлига би можела да му направил проблем.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин кажа дека фудбалерите кои ќе настапат во Суперлигата, нема да добијат можност да играат во големите натпреварување, односно Европското првенство и Светското првенство, а тоа нема да му се допадне на Меси.

За Меси тоа значи дека нема да добие можност да го освои Мундијалот со Аргентина, па тоа предизвика нови шпекулации за иднината на Аргентинецот.

Од целата драма со Суперлигата би можел да профитира ПСЖ, кој не сака да настапи во новото натпреварување, а тоа значи дека ќе биде фаворит за потписот на Меси, кој доколку пристигне во Париз, ќе може да игра и на Мундијалот во Катар.

Барселона е еден од тимовите кои ја формираа Суперлигата и ќе добива годишно по 300 милиони фунти, а исто така не може да испадне од натпреварувањето.