Тие денеска, на прес-конференција, соопштија дека финансиската поддршка која се обезбедува нема континуитет и дека угостителскиот сектор се соочува со бројни предизвици кои не им овозможуваат приходи за покривање на основните трошоци.

– Се бара помош за сите угостителски објекти, секој е подеднакво важен и не смее некој да остане без неопходна помош во овие најтешки периоди за угостителството, затоа од понеделник 20 април излегуваме заедно како сектор на протести и ќе останеме пред институциите, се до моментот додека нашите барања не бидат во целост прифатени, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК.

Од оваа комора бараат еднократна финансиска помош за регистрираните угостителски објекти на кои повеќе од една година им е забранета примарната дејност со уредба на Влада. Од ТУК додаваат дека угостителите со месеци немаат никаква помош, не само за зачувување на работните места, туку ни за основните трошоци за егзистенција и се под закана за губење на домовите и објектите од банки и извршители.