Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници бр. 09/2026 која ги опфаќа долговите доспеани од 31.05.2026 година и неплатени до 31.08.2026 година.

Вкупниот број на должници објавени на оваа листа изнесува 5.240. Вкупниот нето – долг за даноци и придонеси е 13.458 милиони денари.
Од претходната листа бр. 08/2026 се повторуваат 5.081 должници, од кои:
– 3.293 должници имаат зголемен долг за 415 милиони денари
– 166 должници имаат намален долг за 59 милиони денари
– 1.622 должници имаат непроменет долг

На Листата бр. 09/2026 се објавени нови 159 должници, со вкупен долг од 178 милиони денари. За нив, УЈП при следна објава ќе даде информации за преземени мерки за наплата.

119 должници од Листата бр. 08/2026, со вкупен долг од 73 милиони денари не се наоѓаат на Листата бр. 09/2026. На Листата бр. 09/2026 се објавени информации за преземени мерки за наплата кај 561 даночни должници. Ова не се смета за даночна тајна според Законот за даночна постапка и додава дополнителна транспарентност на Листата, велат од УЈП.

ТУКА може да ја погледнете целата листа.