Бронзената биста на народниот херој Вера Јоциќ е украдена од парк во центарот на Скопје, а случајот е пријавен во полиција.
Кражбата, според информациите, е евидентирана вчера во Секторот за внатрешни работи – Скопје, по што е отворен предмет за расветлување на настанот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите на кражбата, како и за утврдување на сите околности поврзани со исчезнувањето на бистата.
