Украина доби неколку повеќенаменски ракетни лансири и три самоодни хаубици од Германија, изјави министерката за одбрана Кристин Ламбрехт, пренесе ДПА.

Веста доаѓа еден ден откако првата серија на противвоздушни тенкови „Леопард“ пристигна во оваа земја од Германија.

Уште 12 тенкови се очекува набрзо да пристигнат во Украина.