Холандија ќе и обезбеди на Украина финансиска помош од 2,65 милијарди долари, соопшти холандската Влада.

Средствата се наменети за воена помош, обнова на инфраструктурата и помош при истраги за потенцијални воени злосторства, нагласија од Владата.

„Се додека Русија ја продолжува својата војна против Украина, Холандија ќе и пружи помош на Украина – воена, хуманитарна и дипломатска“, напиша холандскиот премиер Марк Руте на Твитер.