Продолжува делумното повлекување на руските сили од северниот дел на Киев и тие се движат кон границата со Белорусија, соопштија украинските власти.

Во соопштението се истакнува дека руските војници пред да се повлечат ограбиле цивилни имоти.

Според украинската армија во некои окупирани подрачја руските сили побарале од украинските фирми плаќањето да биде во рубљи.

Во најновиот извештај на украинската армија се посочува и дека уништени се три руски тенкови, две оклопни возила и два артилериски система и соборено е руското беспилотни летало Орлан-10.